Украинскиот капетан на крузерот кој се судри со унгарскиот туристички брод на Дунав минатата недела беше капетан на бродот во Холандија, кој предизвика несреќа во земјата во април, објавија денес унгарските обвинители.
Тие, исто така, рекоа дека истрагата покажала дека капетанот ги избришал податоците од својот телефон по судирот во Будимпешта, објави „Ројтерс“.