Свет 10. јули 2020. / 19:21

Откриен шпион во кабинетот на Меркел

Откриен шпион во кабинетот на Меркел

Во кабинетот на германската канцеларка Меркел наводно е откриено лице кое со години вршело шпиунажа за за египетската разузнавачка служба.

Соработник на главниот портпарол на германската влада, Стивен Киберт, бил разоткриен како египетски агент.

Федералната криминална служба презела извршни мерки против тоа лице во декември минатата година, по налог на федералното обвинителство, се наведува во извештајот за безбедност, кој беше претставен во Берлин.

Обвинителството за германски „Билд“ потврди дека е покрената истрага против тоа лице поради сомневање за разузнавачки активности. Според „Билд“, тој е државен службеник на средно ниво во владата.

Федералната служба за печатот не сакала да го коментира случајот, потенцирајќи дека тие не се мешаат во тековните истраги.

Фокусот на активностите на египетската разузнавачка служба во Германија е да собере информации за египетската опозиција што живее во таа земја, се наведува во својот годишен извештај Службата за заштита на уставноста. Во исто време, додаваат тие, фокусот на египетските колеги првенствено е на членовите на „Исламското братство“.