Кристијан Рамада, професот по молекуларна медицина на Универзитетот во Оксфорд изјави дека се појавила нова мутација на британскиот сој на коронавирусот – супер сој.
Британскиот сој беше откриен во декември 2020. година од Оксфордскиот универзитет, а еден месец подоцна стана доминантен сој бидејќи повеќе од 50 отсто од луѓето беа заразени со него.
„Откриено е дека тој британски сој има мутација која дошла од јужноафриканскиот сој. Сега имаме нов супер британски вид со јужноафриканска мутација, што може да избегне имунолошки одговор”, рече Рамадан.
Тој додаде дека Бртанија ги вакцинира граѓаните со голема динамика и дека досега се вакцинирани 13 милиони луѓе. До средината на февруари се очекува дека ќе бидат вакцинирани 15 милиони Британци.
Што се однесува до вакцината „АстраЗенека“, Рамадан рече дека таа е подеднакво ефикасна како и другите вакцини и дека последните податоци покажуваат дека вакцината „АстраЗенека“ штити и создава еднаков имунитет во сите возрасни групи, пренесува ХРТ.
Најновите клинички испитувања покажуваат дека „АстраЗенека“ создава имунитет по околу 20 дена во 76 проценти од случаите по првата доза, а по втората доза штити до 85 проценти од случаите.
Запрашан дали појавата на новиот вид го најавува третиот бран на епидемијата, Рамадан рече дека тоа ќе зависи од ограничувачките мерки.