Истражувачи во болницата за деца во Трст „Burlo Garofolo“’ ја открија новата мутација на Ковид-19 кај две девојчиња, пишува агенцијата „AdnKronos“.
Истражувањето кое е спроведено во соработка со Универзитетот во Милано, потврди дека се работи за многу заразна и агресивна мутација.
Според објавените резултати од истражувањето, мутираната варијанта предизвикала повторна инфекција кај неколку возрасни луѓе кои веќе го прележале вирусот.
-Најмногу загрижува можноста што мутацијата на вирусот може да го намали имунитетот кај личности кои веќе го прележале, како и да ја намали отпорноста од коронавирусот стекната со вакцинација, вели професорката Манола Комар, микробиолог на Универзитетот во Трст.