Телевизија СиЕнЕн соопшти дека е отркиено дека извор на новиот корона вирус би можеле да бидат змии – кинеска кобра или змија позната како кинески краит.
Станува збор за две исклучително отровни змии кои живеат во средишниот и јужниот дел од Кина и југоисточна Азија. Болеста за прв пат е пријавена во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, а оттогаш заразата се шири.
Истражувачите користеле анализа од протеински кодови споредени со протеински кодови на коронавирусот кој се наоѓа во различни животни, како птици, змии, ежови и лилјаци, а откриле дека протеинските кодови на коронавирусот пронајдени кај луѓето се најслични со оние пронајдени кај змиите.
Змиите често ловат дивеч, а според извептаите, и змиите се продавале на локалниот пазар за морска храна во Вухан, со што е зголемена можноста вирусот да бил пренесен на домаќинот – лилјак, на змиите, а потоа и на луѓето што довело до ширење на вирусот.
Во почетокот болеста се ширела од животни на луѓе, а заклучкот на стручњаците е дека постојат и докази за „ограничено“ пренесување на болеста од човек на човек, но ситуацијата се промени. Сега се појавуваат се повеќе случаи помеѓу луѓето кои не биле изложени на заразени животни, а болеста се појавува помеѓу членови на семејството и кај медицинскиот персонал кој се грижи за заразените пациенти.
– Сега веќе имаме заразено 14 здравствени работници, што сугерира дека потенцијалот за ширење на вирусот е многу поголем, изјави д-р Иак Липкин, директор на Центарот за имунологија и инфектологија на Универзитетот во Колумбија.
Тој додава дека коронавирусот често се „населува“ кај лилјаците но не им штети, понекогаш се преместуваат од една на друг животински вид, а потоа и на луѓето.
– Коронавирусот во повеќе наврати покажа способност за „преселување“ низ различни видови и предизвикување нови болести кај животните и луѓето, рече д-р Марк Денисон, стручњак за заразни болести на Универзитетот Вандербилт кој инаку истражува коронавируси.
Директорот на Сојузот, Сет Беркли изјави дека експертите не знаат доволно за епидемиологијата на новата болест за да можат правилно да го проценат ризикот во овој момент.
– Потребни се неколку месеци пред да се спроведат првите клинички испитувања и најмалку една година пред вакцината да биде достапна за употреба, вели Беркли смирувајќи дека вакцините што би заштитиле од корона вирусот е многу полесно да се развијат отколку оние за болести како што се маларија или ХИВ.