Свет 18. јули 2018. / 11:40

Откриен e потонат руски брод во кој можеби има 200 тони злато

Откриен e потонат руски брод во кој можеби има 200 тони злато

СВЕТОткриен потонат руски брод во кој можеби има 200 тони златоОбјавено пред 5 минути – 18 јули, 2018Од Mak Fax

Јужнокорејските експерти го пронајдоа рускиот крстосувач „Дмитриј Донски”, кој беше дел од Руската царска флота и кој учествуваше во борбите за време на Руско-јапонската војна од 1904 до 1905 година. Бродот бил пронајден од „Шинил груп”, компанија која веќе неколку години трага по рускиот крстосувач.

Од компанијата беше објавено дека еден руски брод бил пронајден во Јапонското Море, на длабочина од 434 метри, околу 1,3 километри од островот Улинда, и дека името на Дмитриј Донски е пронајдено на кормилото на бродот. Крстосувачот потона пред 113 години.

Експертите од компанијата тврдат дека трупот на бродот е сериозно оштетен, но дека палубата е доста добро зачувана.