Свет 14. март 2020. / 17:28

Откако се потврди првиот случај на корона вирус: Мадуро прогласи вонредна состојба во Венецуела

Откако се потврди првиот случај на корона вирус: Мадуро прогласи вонредна состојба во Венецуела

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро изјави дека е донесена одлука да се прогласи вонредна состојба откако е потврден првиот случај на корона вирус во земјата.

– Ќе се однесувам согласно членот 338 од Уставот на Венецуела, кој дозволува да се прогласи вонредна состојба во случаи кои ја загрозуваат нацијата. Наша национална цел е да спречиме ширење на вирусот – истакна Мадуро.

Здравствените власти потврдија прв случај на коронавирус во Венецуела, од кој досега во светот починаа над 5.400 лица.