Свет 16. ноември 2019. / 16:35

Осумдесет проценти од Венеција се под вода

Осумдесет проценти од Венеција се под вода

Обивлните врнежи дожд и поплавите што ја зафатија Венеција преизвикаа 80 проценти од градот да биде под вода, која на места достигна висина до 160 центиметри. Прогласена е вонредна состојба, запрен е сообраќајот, а затворени се училиштата, продавниците и канцелариите. Досега животите ги загубија четири луѓе.

Плимата што го погоди градот е највисока во последните 50 години и оштети бројни спом,еници на културата во градот, меѓу кои и плоштадот и базиликата Сан Марко.


Со оглед на тоа што Венеција е место под заштита на УНЕСКО, граѓаните чии домови се поплавени ќе добијат отштета и до пет илјади евра, додека компензацијата за трговците ќе изнесува и до 20 илјади евра.

Во градот живеат околу 50 илјади жители, а секоја година го посетуваат околу 20 милиони туристи.