Свет 22. април 2020. / 15:21

Осум новороденчиња позитивни на коронавирус во Јапонија

Осум новороденчиња позитивни на коронавирус во Јапонија

Медицинската сестра која се грижела за 29 новороденчиња во сиропиталиште во Токио била тестирана на 16 април кога било утврдено дека е позитивна на коронавирус.

За среќа, 21 бебе не биле заразени, но осум бебиња биле позитивни и итно пренесени во градската болница, јавува Си-ен-ен.

Таму велат дека бебињата се во добра здравствена состојба и се под постојана медицинска грижа.

На вирусот се тестирани уште тојца вработени кои имале симптоми. Бебињата кои не биле инфицирани ги вратиле во сиропиталиштето кое претходно било темелно исчистено и дезинфицирано.