Поради грешка во дом за стари лица во Германија, осум вработени старатели примиле пет пати поголеми дози на вакцина за коронавирус.
Вакцинацијата во Германија започна неславно минатиот викенд кога осум вработени во градот Стралзунд беа „предозирани“ со вакцината „Фајзер“. Тие се на возраст од 38 до 54 години и седум жени и еден маж. Четворица завршиле во болница како претпазливост и добиле симптоми слични на грип.
– Длабоко жалам за инцидентот. Овој случај е последица на индивидуални грешки. Се надевам дека нема да има сериозни несакани ефекти, рече Стефан Керт, администратор на областа Варпомерн-Руген, каде се наоѓа старечкиот дом.
Од канцеларијата на гувернерот соопштија дека добиле уверувања од производителот на вакцини „БиоНТех“ дека предозирање на вакцината за време на тест-фазата не предизвика сериозни последици.
Властите на овој округ истакнаа дека челниците на компанијата Бајонтек претходно изјавија дека поголемите дози што ги дадоа во првата фаза од студијата за вакцините немаат сериозни последици.
Германија, заедно со другите европски земји, започна да го вакцинира своето население против коронавирусот за време на викендот.