Свет 02. јуни 2018. / 16:58

Осум деца се повредени при хемиски експеримент во Сибир

Осум деца се повредени при хемиски експеримент во Сибир

Научно-забавниот центар во трговскиот центар „Комсомол“ во источен Сибир е затворен откако осум деца биле повредени при хемиски експеримент, се наведува во соопштението на официјалниот сајт на центарот, пишува Курир.рс.

Инцидентот се случил за време на експеримент, организиран во „Комсомол“ во Иркутск, по повод меѓународниот ден на заштита на децата, кога запаллив гас дошол во допир со отворен пламен и се запалил, пренесува Тас, додавајќи дека осум деца побарале лекарска помош.

Кај повредените деца, на возраст до 13 години, биле дијагностицирани изгореници од прв и втор степен.

Поради инцидентот, приведени се техничкиот директор и инструкторите во центарот.