Американскиот научник Мартин Шкрели, кој е осуден на седумгодишна затворска казна затоа што ја зголемил цената на лековите, побарал да биде ослободен од затвор за да може да пронајде лек за Kовид-19.
Во труд објавен за „Prospero Pharmaceuticals“, тој побарал од властите тримесечна слобода и излез од затворот во Пенсилванија, а за возврат, како што вели, ќе му понуди на човештвото лек против заразата.
– Барам отпуст од три месеци за да можам да помогнам во наоѓањето лек за корона вирусот. Јас сум еден од ретките раководители на фармацевтска компанија кој има големо искуство во развојот на нови лекови. Сите компании треба да одговорат со сите ресурси во борбата против Kовид-19. Истражувањата треба да се одвиваат сè додека е активен вирусот – рекол Шкрели.
Затворската казна му истекува во септември 2023 година.
– Не барам на било кој начин да заработам од лечењето луѓе заразени од корона вирусот. Сметам дека секоја фармацевтска компанија треба да се обиде да ги надомести трошоците и да биде подготвена работата да ја врши како државна служба – рекол тој.
Исто и неговиот адвокат, Бенџамин Брафман, истакнал дека ќе поднесе барање за Шкрели да може да ги врши своите истражувања во лабораторија под надзор на полицијата.