Свет 04. октомври 2018. / 14:40

Осуден италијански банкар кој крадел пари од богатите клиенти и им ги делел на сиромашните

Осуден италијански банкар кој крадел пари од богатите клиенти и им ги делел на сиромашните

Италијански банкар кој земал од богатите за да им даде на сиромашните за малку успеал да се спаси од затвор, пренесува Би-би-си. Жилберто Башиера бил менаџер во банка во малиот планински град Форни ди Сопра, каде што за период од седум години одзел околу 1 милион евра.

Тој земал мали суми од богати клиенти со цел да ги пренасочи за оние кои не можеле да се квалификуваат за кредит. Банкарот никогаш не присвоил ниту едно евро за себе – и избегнал да оди во затвор по спогодба што ја направил со властите.

„Отсекогаш мислев дека покрај заштитата на штедачите, нашата должност е и да им помогнеме на оние кои се во неповолна ситуација“, изјавил Башиера, според италијанскиот весник „Кориере Дела Сера“.

Тој бил осуден на две години поради неговите злосторства. Сепак, поради тоа што бил негов прв прекршок, а станува збор за релативно кратка казна, банкарот нема да биде затворен.

Меѓутоа, приказната не завршила добро за овој современ Робин Худ, како што го нарекоа некои италијански медиуми. Неговиот адвокат, Роберто Мете, за Би-би-си изјавил дека банкарот ги загубил својот дом и работата.

„Тој сакаше да им помогне на луѓето кои немаа пристапат до кредити на нормален начин“, рече Мете.

Несреќната бајка почнала во 2009 година, за време на глобалната финансиска криза.

Секогаш кога жител на градот ќе дошол да побара кредит, но не бил квалификуван за тоа, Башиера додавал пари на сметката на клиентот со цел да го квалификува како кредитосопособен.

Благодарните клиенти се согласувале на неговите молби брзо да ги вратат префрлените пари, но некои од нив не го направиле тоа, оставајќи го изложен.

„Тој создаде еден вид систем за финансирање во сенка“, рекол адвокатот, додавајќи дека за неколку годни во истиот циркулирале речиси милион евра.

Откако скандалот избувнал во јавноста, Башеира го повикал сите богати клиенти на банката за да ги објасни неговите мотиви и начинот на кој функционирал системот.