Свет 02. јуни 2018. / 21:15

Оствaрен најбрзиот лет од Австралија до Велика Британија

Оствaрен најбрзиот лет од Австралија до Велика Британија

Нов рекорд во најбрз лет на патнички авион од Австралија до Велика Британија постави авиокомпанијата „Квантас“. Авионот Боинг 787-9, кој летал од Перт до Лондон стигнал за 16 часа и 29 минути, наместо вообичаените 17 часа и 20 минути.

Претходниот рекорд, кој го постави истата компанија, изнесува 16 часа и 35 минути. Од компанијата претходно соопштија дека проблем би можела да претставува борбата со ветерот. „Квантас“ првиот директен лет меѓу Австралија и Лондон го воведе во март.