Свет 11. февруари 2021. / 23:30

Осомничени 20 Израелци: Нелегално произведувале и продавале ракети

Осомничени 20 Израелци: Нелегално произведувале и продавале ракети

Дваесет осомничени Израелци се под распит во изминатите месеци поради нелегален развој, производство, тестирање и продажба на крстосувачки ракети на неименувана азиска земја, соопштија Шин Бет (Израелска служба за внатрешна безбедност) и полицијата.

Полицијата објави видео на кое се гледа незаконско тестирање на ракета во централниот дел на Израел во 2019 година. Полицијата соопшти дека ракетата била истрелана во близина на станбени области. Идентитетот на осомничените не е откриен.

Во соопштението на Шин Бет се нагласува дека меѓу осомничените има и поранешни вработени во воената индустрија. Тие се осомничени поради закана за безбедноста на државата, кршење на законот за извоз поврзан со националната безбедност, перење пари и друг економски криминал.

Шин Бет додаде дека осомничените добиле огромни суми пари од луѓе поврзани со азиска земја и се обиделе да скријат финансиски трансакции.

Истражителите откриле и дека акциите биле извршени тајно во обид да се скрие крајната дестинација на ракетите.