Основан е Фонд за жртвите на силување и сексуална злоупотреба на Џефри Епстајн, една година од неговото апсење и самоубиство во затворската ќелија.
Како што објави „Ројтерс“, на овој начин жртвите ќе може да бараат надомест на штета од наследството што тој го остави по смртта.
Пред годинашните загуби на финансискиот пазар, богатството на Епстајн беше проценето на околу 636 милиони долари.
Многу од жртвите на Епстајн и неговото речиси дведецениско сексуално напаствување беа малолетнички.
Администраторката на Фондот, Џордана Филдман изјавила дека е во контакт со адвокатите што застапуваат повеќе од 70 жртви на Епстајн, но дека е можно да се појават уште жени кои ќе бараат да бидат обесштетени.
Очекувам барањата за отшета да варираат од неколку илјади до неколку милиони долари – изјави Филдман.
По минатогодишното апсење, Епстајн се изјасни за невин за сексуална злоупотреба и трговија со жени и девојчиња во Менхетн и на Флорида.