Свет 20. септември 2020. / 15:05

Основачот на Лидл е најбогатиот Германец

Основачот на Лидл е најбогатиот Германец

Диетер Шварц е прогласен за најбогат германец, со богатство проценето на 41,8 милијарди евра.

80-годишниот основач на ланците Лидл и Кауфланд, Дитер Шварц е прогласен за најбогат Германец, според рангирањето на најбогатите Германци, објавено од германскиот неделник Велт ам Зонтаг, објави БГНЕС

Второто место го има семејството Рајман, чие богатство изнесува 21,25 милијарди евра. Разновидниот семеен бизнис се управува преку холдингот JAB, со седиште во Луксембург.

На трето место е семејството на Волфганг Порше – претседател на Надзорен одбор на германскиот производител на автомобили Порше АД и член на Надзорен одбор на акционерски друштва „Фолксваген“ и „Ауди“. Вкупното богатство на семејството се проценува на 20 милијарди евра.

Вкупното богатство на илјада најбогати Германци, според изданието, изнесува 1,1 трилиони евра, што е за 0,76% повеќе од минатата година.