Наводно, припадникот на екстремистичката организација Исламска држава во Британија, Хусеин Рашид, е обвинет дека го направи интернетот алатка за тероризам, охрабрувајќи и напад на четиригодишниот принц Џорџ.
Рашид (32) го водел овој канал под назив „Осамениот муџахедин”, пренесува АП, поради што обвинителката Анабел Дерло денеска изјави пред поротниците дека Рашид охрабрувал напади на различни мети, вклучувајќи и ставање отров во сладоледите во супермеркетите и напад на принцот Џорџ.