Свет 11. март 2021. / 08:16

Орбан: За нов брак 36.000 евра, долгот се брише по трето дете

Орбан: За нов брак 36.000 евра, долгот се брише по трето дете

Новите мерки на Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан вклучуваат поголем заем за семејствата со најмалку две деца за да им се помогне да купат дом, субвенции за купување автомобил и ослободување од данок за жените кои подигнуваат најмалку четири деца.

– Унгарците напорно работеа за да остварат висок економски раст, рече Орбан во традиционалното обраќање до нацијата и најави нови погодности за семејсвата како би се зголемил демографскот раст, а остро ја искритикува проимигрантски настроената опозиција и европската бирократија.

Тој нагласи дека неговта Влада ќе го одржува економскиот раст на Унгарија за два проценти повисоко од просекот во ЕУ, иако за идните години се очекува глобално забавување на економијата.

– Бројот на склучени бракови расте, смалена е смртноста на доенчињата, вработеноста од 55 е зголема на 70 отсто, платите растат, повеќе од двојно е зголемена минималната плата, рече Орбан и оцени дека по десет години Унгарците повторно веруваат во иднината.

Тој зборуваше и за имиграцијата.

– Се помалку деца се раѓаат во Европа. Запад мисли дека одговорот на тоа е во имиграцијата. Секое дете кое ни недостига, да се надомести со друго дете кое доаѓа (од исток) и така бројките ќе бидат во ред. Но нам не ни требаат бројки. Ни требаат унгарски деца, истакна тој и најави програма од седум точки за младите семејства.

Новите мерки на Владата на унгарскиот премиер Орбан вклучуваат поголем заем за семејствата со најмалку две деца за да им се помогне да купат дом, субвенции за купување автомобил и ослободување од данок за жените кои подигнуваат најмалку четири деца. Жените помлади од 40 години кои ќе склопат прв брак, можат да добијат заем од 36.000 евра. Третина од заемот се простува кога ќе родат второ дете, а целиот заем се брише по раѓањето на трето.

– За Унгарците тоа е вистинскот одговор, а не имиграцијата, рече Орбан според Ројтерс.

За опозицијата истакнал дека „шака проимигрантски настроени политичари кои на респиратор ги одржуваат Џорџ Сорос и бирократите од ЕУ“, истакна тој.

– Повторно се јавуваат силите кои сакаат отворени општества и свет без нации, сакаат да создадат супернационална глобална влада, рече Орбан.

Бриселските бирократи ги нарече „тврдина на новиот интернационализам“, а мигрантите „нивен инструмент“.