Свет 30. септември 2019. / 17:45

Орбан: Унгарија не планира да ја напушти Европската Унија

Орбан: Унгарија не планира да ја напушти Европската Унија

Унгарија не планира да ја напушти Европската Унија, изјави вчера премиерот Виктор Орбан, додавајќи дека членовите на источниот и западниот блок мора да најдат компромис за иднината на блокот.

Орбан, кој е на власт скоро десет години, честопати влегува во расправија со Брисел околу одбивањето да сместува мигранти.

Неговиот борбен став ги поттикна шпекулациите дека Унгарија во одреден момент може да го следи примерот на Велика Британија и да ја напушти ЕУ, иако блокот дава милијарди евра за посиромашните бившокомунистички членки. ЕУ сега сака великодушната помош да ја услови со владеење на правото, пренесува Ројтерс.

Ние сме членка на Унијата и ќе остане така, рече Орбан на Конгрес на владејачката партија Фидес.

Тој, исто така, ја повика „другата страна“ да ги прекине отворените напади врз владите во порано комунистичката централна и источна Европа.

Ние не испраќаме платени политички активисти кај нив, така што и тие своите треба да си ги повлечат од централна Европа,.Тие треба да се откажат од тајните акции против владите на централна Европа. Буџетот на ЕУ не треба да се користи за финансирање тимови и медиуми што ги фаворизираат мигрантите и либералите и им служат на нивните цели. Ако навистина сакаме да ја сочуваме Европа, треба да престанеме со овие практики, рече Орбан.