Свет 25. јануари 2019. / 12:50

Орбан: Очигледно е дека Сорос сака да ги запоседне европските институции

Орбан: Очигледно е дека Сорос сака да ги запоседне европските институции

Унгарскиот премиер Виктор Орбан кој му понуди засолниште на поранешниот премиер Никола Груевски во неговата земја, во редовното петочно интервју вели дека Џорџ Сорос го зголемува своето влијание во европските институции.

-Сорос има силни петставници во Европскиот Парламент. Очигледно е дека Сорос сака да ги запоседне европските институции-рече Орбан.

Според него, левоориентираниот пратеник и актуелен заменик претседател на Европската комисија, Франс Тимерменс е „човек на Сорос“. Тимерманс е кандидат и за претседател на ЕК.

На 30 јануари во Европскиот Паралмент ќе биде дискутирана ситуацијата во Унгарија.