Свет 27. март 2020. / 13:56

Орбан најави воведување полициски час во Унгарија и период за купување само за повозрасни од 65 години

Орбан најави воведување полициски час во Унгарија и период за купување само за повозрасни од 65 години

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, најави дека од денеска во земјата ќе биде воведен полициски час, а граѓаните ќе можат да ги напуштаат домовите само заради одење на работа и подмирување на основните потреби.

Орбан изјави дека секој ден во периодот од девет до 12 часот продавниците и аптеките ќе бидат отворени само за лицата над 65 години, а за другите граѓани нема да биде дозволено купување во тој период.

Орбан наведе и дека од понеделник со сите унгарски болници ќе управуваат така наречени команданти, кои ќе ги именува Владата.

Лекарите и понатаму ќе одлучуваат за медицинските прашања, но командантите ќе бидат задолжени да надгледуваат дали се придржуваат до владиние епидемиолошки мерки.

Орбан додаде дека униформираните команданти ќе бидат задолжени за резервите и за управување со персоналот.