Свет 04. мај 2018. / 11:55

Орбан: На мигрантите не треба да им се даде ниту цент

Орбан: На мигрантите не треба да им се даде ниту цент

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјавил дека не го поддржува предлог буџетот на ЕУ, со кој се предвидува помалку пари за земјоделците, истражување и за регионален развој, а зголемување на средствата за земји кои ги прифаќаат мигрантите.

Орбан во интервју за унгарското „Радио Кошут“, рекол дека очекува преговорите за буџетот на ЕУ да потраат и истакнал дека заедничкиот седум годишен буџет мора да биде едногласно усвоен.

„Се додека Унгарците не даваат зелено светло, нема да има буџет“ рекол Орбан.

Според него, на мигрантите не треба да им се даде ниту цент, а релевантна поддршка да обезбедат членките од сопствените буџети. Тој исто така најави и именување на тројца заменици премиери од кои едниот е министерот за внатрешни работи, Шандор Пинтер, кој, како што рекол Орбан, ќе биде задолжен за нова централизирана канцеларија која ќе функционира и како единствена разузнавачка служба.