Свет 03. април 2020. / 14:12

Орбан: Лекарите ќе добијат бонус поради коронавирусот во висина од 1.500 долари

Орбан: Лекарите ќе добијат бонус поради коронавирусот во висина од 1.500 долари

Здравствените работници ќе добијат бонус оваа година во висина од 1.500 долари како компензација за дополнителниот обем на работа и ризици во борбата против коронавирусот, соопшти унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој ја информираше јавноста дека Унгарија ќе воведе нов фонд за пандемијата и до вторник ќе ги разработи деталите за најголемиот економски пакет стимуланси, насочени кон зачувување на работните места на унгарските граѓани.