Свет 01. октомври 2019. / 10:47

Oрбан го избра Оливер Вархељи за кандидат на Унгарија за еврокомесар

Oрбан го избра Оливер Вархељи за кандидат на Унгарија за еврокомесар

Амбасадорот на Унгарија во ЕУ Оливер Вархељи ќе биде кандидат на Будимпешта за европски комесар, изјави синоќа унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Претседателката на Европската комисија Урсула фор ден Лејн вчера и официјално побара од Будимпешта и Букурешт да предложат нови кандидати за комесари, откако Комисијата за правни работи ги одби претходно предложените Ласло Трочањи и Рована Плумб поради судир на интереси.

Не го одбив барањето на претседателката, но нема да изберам ниту еден од унгарските политичари. Во овие околности можам само да предложам технократ, некој кој ја знае ЕУ од внатре и не е политички кандидат – рече Орбан на прес конференција.

Тој додаде дека затоа го избрал Вархељи за официјален кандидат на Будимпешта и побарал од Фон дер Лејн да го контактира.

Претходно портпаролот на Орбан, Золтан Ковач оцени дека единствена вина на Трочањи е што ја заштитил Унгарија од миграција, додавајќи дека „промиграциските партии“ не можат да поднесат комесар кој би ги затворил вратите за мигрантите.