За време на промоцијата новата генерација на припадници на безбедносните сили на Унгарија, премиерот Виктор Орбан порача дека земјата се залага за безбедност, дека е борбена и дека така и ќе остане.
Орбан истакна дека Унгарија никогаш нема да ги напушти своите „офицери“.
Светот беше сведок на ‘изненадувачки’ и вознемирувачки развој на настаните. Богатите земји видоа дека нивните здравствени системи пропаѓаат во рок од неколку дена, богатите земји се на пат кон финансиски колапс, а поголемите градови забележуваат невидени бранови на насилство – изјави Орбан.
Тој ја исткна важноста на патриотизмот, велејќи дека законот и редот се во срцето на Унгарија.
Чувството на патриотизам нè врзува со заедничка судбина, која е одлична и единствена. Татковината е една за сите. Ние сме подготвени да ја чуваме нашата земја, а доколку е потребно и да се бориме за неа, од генерација на генерација – изјави премиерот на Унгарија.
Орбан се осварна и на стабилната економија во Унгарија. Тој уверува дека финансиите се во ред, економијата е здрава, и дека луѓето се подготвени и можат да работат со полна пареа.