Свет 11. август 2018. / 11:31

Општа паника во Сиетл: Детали за „пилотот“ кој украл авион (ВИДЕО)

Општа паника во Сиетл: Детали за „пилотот“ кој украл авион (ВИДЕО)

Вработениот од меѓународниот аеродром во Сиетл, кој украл авион од пистата и без областување полетал, е 29 годишен маж.

„Пилотот“ е 29 годишен маж и овој инцидент не е поврзан со тероризам. Повеќето терористи не изведуваат лупинг, но и не летаат над вода, пишуваат американските медиуми.

Вработениот во меѓународниот аеродром во Сиетл украл авион од пистата и без овластување полетал, а брзо по полетувањето леталото се срушило, соопштија денеска од меѓународниот аеродром „Сиетл-Такома“.

Никој од патниците не бил во авионот за време на инцидентот.

Авионската компанија „Алјаска Ерлајнс“ соопшти дека е известена за неовластеното полетување на авионот „Ку-400“ на нивната сестринска компанија „Хорајзон Ер“.

Поради инцидентот полетаа два воени авиони „Ф-15“. Сеуште не се знае дали „пилотот “ го преживеа падот.

„Авионот се сруши недалеку од аеродромот, на островот Кетрон во близина на воен објект“, пренесува US Today.

Во едно од аудио-снимките, вработениот изразува загриженост за количината на преостанатото гориво, а во друго укажува дека мисли дека може да го слета авионот врз основа на знаење стекнато од видео игрите.