Свет 12. ноември 2019. / 09:34

Опозиционерката Жанин Ањез најверојатна привремена претседателка на Боливија

Опозиционерката Жанин Ањез најверојатна привремена претседателка на Боливија

Опозициската потпретседателка на боливискиот Сенат, Жанин Ањез, изјави дека е подготвена да ја преземе функцијата на привремен шеф на државата, по оставката на Ево Моралес и останатите високи функционери, вклучувајќи ги и првите луѓе на Горниот дом на парламентот.

По оставката на Моралес таа е прва во редот до шефот на државата.

Пред парламентот во Ла Паз, што е опколен со бројни припадници на обезбдувањето, Анес кажа дека новите претседателски избори ќе бидат оддржани во многу скоро време.

Моралес, неговиот потпретседател и неколкумина високи државни функционери во неделата поднесоа оставки, со што беше створен вакум во функционирањето на државата.