Свет 11. декември 2020. / 13:01

Оперативец на Хезболах доби пет доживотни пресуди за убиството на премиерот Харири

Оперативец на Хезболах доби пет доживотни пресуди за убиството на премиерот Харири

Специјалниот Трибунал за Либан, поддржан од Обединетите Нации, денеска го осуди оперативецот на Хезболах Салим Ајахе на пет истовремени доживотни пресуди во отсуство, за атентатот на поранешниот либански премиер Рафик Харири и 21 негов соработник во 2005-та година.

Членот на групата Хезболах имал „централна и водечка улога во тимот за извршување на атентатот“, соопшти судот.

Атентатот на Харири во 2005-та беше извршен со детонирање на автомобил-бомба во центарот на Беирут, по што следуваа масовни протести и меѓународен притисок за повлекување на Сириските војски од Либан, 30 години откако тие интервенираа во Граѓанската војна во земјата.