Свет 09. април 2020. / 22:04

ОПЕК ќе го намали производството на нафта за 22% во мај и јуни

ОПЕК ќе го намали производството на нафта за 22% во мај и јуни

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузничките земји за производство на нафта се согласија да го намалат производството на нафта за 22% за секоја земја членка на алијансата за мај и јуни, објави во четвртокот Амена Бакр, шеф на „Енерџи Интелиџенс“, водечка компанија за анализи во енергетскиот сектор.

Ваквиот договор би значело дека Русија и Саудиска Арабија го намалуваат своето производство од 11,3 милиони барели на ден на 8,75. Проценетата вкупна сума на намалувањата за членовите на ОПЕК ќе изнесува приближно 10 милиони барели на ден во рамките на договорот.

Производителите на нафта надвор од сојузот ОПЕК сега се очекува да го намалат производството вкупно за 5 милиони барели на ден се вели во извештајот.