Свет 21. февруари 2020. / 10:11

Опаѓа бројот на новозаболени од корона вирус во Кина, во Јужна Кореја и Јапонија расте

Опаѓа бројот на новозаболени од корона вирус во Кина, во Јужна Кореја и Јапонија расте

Кина денеска објави дека и понатаму се намалува бројот на новозаболени од новиот корона вирус од кој досега починаа повеќе од 2200 луѓе. Меѓутоа, раст на нови заразени од вирусот јавуваат други земји, пред се Јужна Кореја и Јапонија, а вкупно во светот потврдени се 76 илјади заразени.

Во Кина претходните 24 часа потврдени се 889 нови случаи, со што вкупниот број на заразени во таа земја порасна на 75.465, најмногу во провинцијата Хубеј од каде вирусот почна да се шири. Од виурусот во Кина починаа уште 118 лица, а вкупниот број на загинати е зголемен на 2236 лица.

Надвор од Кина до сега потврдени се 1000 случаи на заразата и 11 со смртни последици.

Јужна Кореја, која синоќа го објави првиот смртен случај од вирусот, денеска соопшти дека се забележани нови 52 случаи, со што бројот на заразени се зголеми на 156 лица.

Бројот на луѓе кај кои е потврдена зараза во Јапонија зголемена е на 727, меѓу нив се и 634 лица од бродот Дајмонд Принцес кој беше ставен во карантин во градот Јокохама. Оваа земја соопшти дека починале две лица кои биле на бродот, со што бројот на загинати е зголемен на три лица.

Пекинг: Најрано вакцина против Ковид-19 во крајот на април

Вакцина против новиот коронавирус, од кој досега загубија живот повеќе од 2.000 луѓе само во Кина, најрано ќе биде доставена за клинички испитувања кон крајот на април. Тоа го изјави денеска заменик министерот на Кина за наука и технологија Су Нанпинг.

Заменикот-генерален секретар на кинеската Академија на науките Жу Ки изјави дека компаниите што продолжиле со работа треба да обезбедат соодветна вентилација и да одржуваат безбедно растојание меѓу работниците.

Во централната кинеска провинција Хубеи имало 411 нови случаи на инфекција со новиот коронавирус, објави денеска здравствената комисија, во однос на 349 случаи еден ден порано. Таму има вкупно 62,442 потврдени случаи со таа зараза. Во крајот на вчерашниот ден бројот на смртни случаи во Хубеи достигна 2.144, што е за 115 повеќе од претходниот ден.