Свет 30. август 2018. / 15:04

ООН: Во Сирија и двете страни користеле хемиско оружје

ООН: Во Сирија и двете страни користеле хемиско оружје

Обединетите нации денеска ги повикаа Русија, Иран и Турција да ги спречат борбите во сириската провинција Идлиб, каде што владините сили се подготвуваат офанзива против бунтовниците.

„Ројтерс“ претходно објави дека специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура, предупредил дека оваа битка ќе влијае на милиони цивили и дека двете страни претходно користеле хемиско оружје.

Генералниот секратар на ОН, Антонио Гутереш, синоќа пак изјави дека се поголема е опасноста од хуманитарна катастрофа во сириската област Идлиб, која е една од последните области под контрола на бунтовничките сили.