Свет 20. ноември 2020. / 17:25

Оксфорд: Оние кои го прележале коронавирусот не можат да се заразат во наредните 6 месеци

Оксфорд: Оние кои го прележале коронавирусот не можат да се заразат во наредните 6 месеци

Ниту еден пациент од испитаниците со антитела не успеал да развие зараза од коронавирусот, објавија научниците од Оксфорд.

Научниците ќе продолжат да следат дали претходната инфекција влијае на сериозноста на болеста доколку се појави повторна инфекција. Малку е веројатно дека луѓето кои биле заразени со Ковид-19 може повторно да се инфицираат во рок од шест месеци од првата инфекција, покажуваат податоците на британско истражување спроведено врз здравствените работници.
Истражувањето е добра вест за повеќе од 51 милион луѓе кои биле заразени со вирусот од почетокот на пандемијата, објавија научниците од Универзитетот во Оксфорд, автори на студијата.

– Ова е навистина добра вест затоа што можеме да бидеме сигурни дека, барем на краток рок, повеќето од оние кои го прележале Ковид-19 нема да се заразат повторно, рече Дејвид Ер, професор од Оксфорд и еден од авторите на студијата.

Според него, инфекцијата со Ковид-19 ги ​​штити повеќето луѓе од повторна инфекција најмалку шест месеци.

– Не најдовме нова симптоматска зараза кај ниту еден од испитаниците кај кои беа пронајдени антитела, додаде тој.