Свет 23. мај 2020. / 09:00

ОН: Здравствениот систем на Јемен е во колапс, а вирусот брзо се шири

ОН: Здравствениот систем на Јемен е во колапс, а вирусот брзо се шири

Повикувајќи се на извештаите на хуманитарните работници на терен, Обединетите нации предупредија дека здравствениот систем на Јемен практично е во колапс во услови кога корона вирусот се шири низ целата земја.

На прес-конференцијата во Женева, портпаролот на Канцеларијата на ООН за координација на хуманитарните работи, Јенс Лерке, изјави дека ситуацијата е „крајно вознемирувачка“.

Тој додаде дека хуманитарните агенции посочуваат дека поради недостиг на лична заштитна опрема за персоналот дел од населението не е во можност да добие лекарска помош.

Јеменските власти потврдија десетици случаи на корона вирус, како и 30 смртни случаи, но ООН велат дека вистинските бројки се речиси сигурно многу повисоки.