Свет 27. ноември 2018. / 22:33

ОН: Забележан е пораст на емисиите на CO2

ОН: Забележан е пораст на емисиите на CO2

Глобалните напори за справување со климатските промени се далеку од патеката, покажува најновиот извештај на ОН за животна средина, според кој е забележан пораст на емисиите на CO2.

За да се задржи зголемувањето на температурата на Земјата под 2 степена, државите до 2030 година ќе треба тројно да ги зголемат своите напори за да ги остварат обврските преземени на Меѓународната конференција за климата одржана во Париз во 2015 година, се наведува во извештајот.

Според експертите, доколку продолжи сегашното ниво на загадување, емисиите на штетни гасови до 2030 година ќе се зголемат на 59 гигатони еквивалент на јаглероден диоксид.

Извештајот доаѓа неколку дена пред големата климатска конференција на ОН, која почнува во Полска од 2 до 14 декември.