Обединетите нации се во најголема финансиска криза во последната деценија. Според наводите на организацијата, буџетот за располагање е во негатива за речиси 1,2 милијарди долари заради долговите на одредени држави.
Организацијата престана да вработува, а откажани се и службените патувања и состаноци кои подразбираат прекувремено плаќање, пишува Спутник. Покрај ова, се ограничуваат и трошоците за греење и климатизација.
За оваа година своите придонеси ги уплатиле 134 од 193 земји членки, па затоа оваа година организацијата е „куса“ за 1,2 милијарди долари, а најголеми должници се САД, Аргентина, Бразил, Израел и Иран.
Ова не е прв пат Обединетите нации, кои не може да се задолжуваат и земаат кредити, да се соочат со недостаток на пари на крајот од годината. САД кој најмногу плаќа, својата обврска обично ја уплаќа во ноември, а за оваа и претходната година моментално должат најмалку 100 милиони долари.