Светската програма за храна на ОН денеска соопшти дека истражувањето во Јемен покажало дека повеќе од 15 милиони луѓе се наоѓаат во „кризна“ ситуација и оти бројот може да стаса до 20 милиони, доколку набрзо не биде овозможена помош во храна.
Јеменски, но и меѓународни експерти, во октомври спроведоа истражување согласно меѓународниот систем за класификација на кризи во поглед на храната, и тоа покажа дека 65 илјади луѓе се на ниво оквалификувано како „катастрофално“.
-Таа бројка може да се зголеми на 237 илјади доколку помош не биде испратена, се наведува во соопштението на Светската програма за храна.