Речиси 2,3 милиони деца или половина од децата на возраст под пет години во Јемен страдаат од акутна неухранетост, соопштија денеска четири агенции на ОН, јави ДПА.
Според заедничкото предупредување на Организацијата за храна и земјоделство, УНИЦЕФ, Светската програма за храна и Светската здравствена организација, околу 400.000 од тие деца се очекува да умрат од глад оваа година.
Се повеќе деца ќе умираат секој ден ако не се преземе нештo
– На хуманитарните организации им се потребни предвидливи ресурси и слободен пристап до заедниците на теренот за да спасат животи“, изјави извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Фор.
Тие бројки се одраз на продлабочувањето на акутната неухранетост и екстремно акутната неухранетост на децата од таа возраст – годинава ќе има зголемување од 16 и 22 проценти во споредба со минатата година.