Во Либија откриени се најмалку осум масовни гробници, соопшти Мисијата на Обединети нации во земјата (УНСМИЛ).
Поголемиот број на гробници се во Тархуна, клучен град во југоисточниот дел на Либија. Градот претходно беше окупиран од самонаречената Либиска народна армија (ЛНА) на генерал Калифа Хафтар, но се уште не е познато кој е одговорен за масовните гробници.
1/3 UNSMIL notes with horror reports on the discovery of at least eight mass graves in past days, the majority of them in Tarhuna. International law requires that the authorities conduct prompt, effective & transparent investigations into all alleged cases of unlawful deaths. pic.twitter.com/cQY7dTNhzI
— UNSMIL (@UNSMILibya) June 11, 2020
Тархуна е важен град и за силите на Хафтар како пат за снабдување и стратешка база за напади врз Триполи.
Меѓумародно признаената либиска Влада во Триполи минатата недела објави дека ја презема контролата врз Тархуна, едно од последните поголеми упоришта на ЛНА.
УНСМИЛ соопшти дека либискиот министер за правда Џума Абдулах Дриши најави дека ќе формира Одбор за испитување на гробниците.
– Го повикуваме Одборот веднаш да почне со работа за да се заштити подрачјето околу гробниците, како и да се утврди идентитетот и причината за смртта на жртвите, се наведува во сооштението на УНСМИЛ.
Судирите во Либија почнаа во 2011 година, кога во граѓанската војна беше соборен долгогодишниот лидер Моамер Гадафи, кој подоцна беше убиен. Оттогаш две ривалски групи се борат за превласт.
Силите на генерал Хафтар во април 2019 година покренаа офанзива за заземање на Триполи, но меѓународно признатата Влада возврати.
Меѓународно признаената Влада на премиерот Фајез ал Сараџ, со седиште во Триполи контролира помал дел од територијата, додека седиштето на Хафтар е во Тобрук и тој контролира поголем дел од земјата, а има контрола и врз нафтените полиња.