Свет 03. февруари 2021. / 15:41

ОН вџашени од пресудата за Навални и бара ослободување на уапсените

ОН вџашени од пресудата за Навални и бара ослободување на уапсените

Канцеларијата за човекови права на ООН денеска изрази зачуденост од пресудата изречена на лидерот на руската опозиција Алексеј Навални и ги повика руските власти веднаш да ги ослободат ненасилните демонстранти, вклучително и околу 1.400 уапсени вчера.

Судот во Москва вчера го осуди Навални на три и пол години затвор, но неговиот адвокат објасни дека рускиот опозиционер ќе мине две години и осум месеци во затвор, бидејќи во казната е вклучено и времето поминато во домашен притвор.

Претставничката на Канцеларијата на ООН за човекови права Равина Шамдасани изјави дека пресудата против Навални е донесена поради кршење на условната казна изречена во 2014 година за наводна измама и потсети дека Европскиот суд за човекови права едногласно ја оценил таа пресуда како „пристрасна, нефер и неразумна“