Свет 07. февруари 2019. / 20:10

ОН: Убиството на Кашоги го испланирале официјални лица од Саудиска Арабија

ОН: Убиството на Кашоги го испланирале официјални лица од Саудиска Арабија

Истрагата на Обединетите нации за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги покажала дека станува збор за брутално злосторство кое било однапред испланирано.

-Злосторството го испланирале државни официјални лица на Саудиска Арабија, соопштила Агнес Каламар, специјален известител на ОН.

Таа рекла дека саудиски официјални лица сериозно ги нарушиле и одложиле напорите на Турција да го истражи местото на злосторството во саудискиот конзулат во Истанбул во октомври минатата година.

Каламар рекла дека тим од ОН кој го истражувал убиството имал пристап до „морничав аудио материјал“ за смртта на новинарот која го добиле од турска разузнавачка агенција.

Кашоги беше убиен на 2 октомври лани во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.