Свет 21. април 2020. / 19:00

ОН предупредувaат дека бројот на гладни луѓе во светот во 2020 година би можел да се дуплира

ОН предупредувaат дека бројот на гладни луѓе во светот во 2020 година би можел да се дуплира

Бројот на луѓе кои се соочуваат со акутната закана поврзана со обезбдување храна годинава би можел двојно да се зголеми на 265 милиони луѓе поради падот на економијата, предизвикан од пандемијата со Ковид-19, предупреди Светската програна за храна на Обединети нации.

Се проценува дека поради изгубените приходи од туризмот, намалување на дознаките и патувањата, како и другите ограничувања воведени поради пандемијата на корона вирусот ќе има нови 130 милиони гладни луѓе оваа година, покрај 135 милиони лица, кои веќе спаѓаат во таа категорија.

Ковид-19 е потенцијално фатален за милиони луѓе чија егзистенција веќе виси на конец – изјави главниот економист и директор за истражувања, проценка и надзор во Светската програма за храна при ОН, Ариф Хусеин.