Свет 17. август 2018. / 13:17

ОН: Јемен и движењето Хути на мировни преговори во септември

ОН: Јемен и движењето Хути на мировни преговори во септември

Обединетите нации ја повикаа владата на Јемен и движењето Хути кои контролираат голем дел од северот на државата, на мировни преговори во Женева на 6 септември.

Портпаролка на ОН изјави дека специјалниот пратеник за Јемен се обидува да преговара за прекин на тригодишниот судир во кој загинаа повеќе од 10.000 луѓе.

Таа на прес-конференција во Женева потврди дека канцеларијата на специјалниот пратеник упатила повици кон двете страни.