Свет 08. јануари 2021. / 08:11

ОН го осуди насилството и омразата во Вашингтон

ОН го осуди насилството и омразата во Вашингтон

Високиот комесар на ОН за човекови права, Мишел Башле, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да се одрекне од „лажни и опасни говори“ и додаде дека упадот на неговите приврзаници во Капитол Хил го покажал влијанието на „поттикнување на насилство и омраза“.

-Длабоко сме вознемирени од упадот во средата во Капитол Хил, кој јасно покажа катастрофален ефект на долгорочно и намерно искривување на фактите и поттикнување на насилство и омраза од страна на политичарите, рече таа во изјавата, додавајќи дека наводите за изборни измами имале за цел да го дискредитираат правото на политичко учество.

Таа реле дека е воодушевена што процесот продолжил и покрај сериозните обиди за нарушување …

-Ги повикуваме политичарите од сите страни, вклучително и претседателот на Соединетите држави, да се одречат од лажната и опасна реторика и нивните приврзаници да го сторат истото, рече Високиот комесар на ОН за човекови права. .

Башле ги поддржа барањата за темелна истрага за настаните во средата во Капитол Хил.