Свет 14. април 2020. / 12:04

ОН ги одложуваат до 30 јуни смените и ротациите во своите мисии низ светот

ОН ги одложуваат до 30 јуни смените и ротациите во своите мисии низ светот

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш до 30 јуни го одложи испраќањето и ротациите во 13 мисии на ОН ширум светот за да се спречи ширењето на корона вирусот.

ОН имаат околу 85.000 припадници во мировните мисии во Африка, Азија, Европа и на Блискиот Исток.

Шефот на одделот на ОН за мировни мисии, Жан-Пјер Лакроа, изјави дека Обединетите нации „не сакаат да бидат дел од проблемот“.

Претставникот на ОН, Атуи Каре, изјави дека меѓу припадниците на ОН во мировните мисии ширум светот досега се регистрирани само 12 случаи на корона вирус, додавајќи дека сите заболени се лекуваат во земјите во кои служат во мисијата на светската органзиација.