Свет 11. декември 2018. / 11:01

ОН бара 4 милијарди долари помош за Јемен

ОН бара 4 милијарди долари помош за Јемен

Шефот за хуманитарни операции на ОН, Марк Лоукок вчера рече дека светската организација бара 4 милијарди долари за наредната година да обезбеди хуманитарна помош за околу 20 милиони жители на Јемен, што е околу 70 проценти од населението на земјата, која е уништена од војна. Тој исто така рече дека 250 илјади Јеменци за прв пат се соочуваат со „катастрофа“. Лоукок изјави дека има „значително, драматично влошување“ на хуманитарната состојба.

Тој рече дека 4 милијарди долари е сумата што ОН ќе ја бараат на донаторска конференција поддржана од Шведска, Швајцарија и САД, која треба да се одржи на 26 февруари во Женева.

Јеменската влада, која има поддршка од Саудиска Арабија и нејзините сојузници, веќе четири години се бори против бунтовниците Хути, кои имаат поддршка од Иран.

Досега загинаа околу 10 илјади луѓе, а цивилите го понесоа товарот на конфликтот во она што ОН го оценија како најголемата светска хуманитарна катастрофа.