Свет 24. јуни 2019. / 13:47

Околу 900.000 мигранти чекаат одлука за азил во ЕУ

Околу 900.000 мигранти чекаат одлука за азил во ЕУ

На крајот од минатата година бројот на мигранти кои чекаат одлука за нивните барања за азил во ЕУ бил околу 896.560, според податоците објавени од Европската комисија.

Минатата година во ЕУ биле поднесени 664.480 барања, од кои девет отсто се повторени барања.Најмногу се од Сирија (13 отсто), Авганистан и Ирак ( по седум отсто). Меѓу првите 10 места од каде дошле се Пакистан, Нигерија, Иран, Турција (четири отасто), Венецуела, Албанија и Грузија (три отсто).

Најмногу статус во ЕУ добиваат од Јемен (89 отсто), Сирија (88 отсто) и Еритреја (85 отсто), а најректко од Молдавија (еден отсто).

Лани најмногу молби за азил се поднесени во Германија, Франција, Грција, Италија и Шпанија. Над 2/3 се мажи, половината од нив на возраст меѓу 18 и 35 години.