Свет 05. мај 2020. / 11:15

Околу 424 илјади Италијанци казнети за непочитување на рестриктивните мерки во изминатите два месеци

Околу 424 илјади Италијанци казнети за непочитување на рестриктивните мерки во изминатите два месеци

Во Италија во текот на двата месеци рестриктивни мерки воведени поради епидемијата на Ковид-19 и зајакнати полициски контроли, казнети се околу 424.000 луѓе.

Италијанското МВР соопшти дека полицијата казнила и околу 8.260 сопственици на различни продажни објекти поради кршење на мерките на италијанската Влада.

Во Италија строгите мерки за карантин на целата територији беа во сила од 9 март до 3 мај, а од вчера повеќе од 60 милиони ѓители на земјата имаат поголема слобода на движење во регионот во кој се наоѓаат.

Од последици од Ковид-19 во Италија досега починале повеќе од 29.000 луѓе.