Свет 24. февруари 2020. / 09:44

Околу 380 странци се во карантин во Северна Кореја поради Ковид-19

Околу 380 странци се во карантин во Северна Кореја поради Ковид-19

Северна Кореја стави во карантин околу 380 странци за да ги спречи појава на корона вирусот, јавија државните медиуми.

Претходно, земјата го прекина железничкиот сообраќај кон и од Кина и Русија.

Севернокорејските медиуми не откриваат повеќе детали за тоа што странците кои се во карантин, но се претпоставува дека се работи за странски дипломати во Пјонгјанг и оние кои дошле во земјата дошле за некаква работа.

Пјонгјанг засега тврди дека во земјата нема болни од новиот корона вирус, но на почетокот од месецов беше воведен едномесечен карантин, а се спроведуваат посилни мерки за надзор на луѓето кои се разболуваат.