Најстрогата мерка за заклучување во Австрија донесе околу 30.000 компании на работ наегзистенција, а оваа мерка ја чинеше само трговијата 10 милијарди евра од прометот.
Исто така, во гастрономијата и туризмот се заканува бран на стечај.
Продавниците низ Австрија минатата година мораа да бидат затворени 73 дена, а со овогодишениот „локдаун“ беа затворени повеќе од 100 дена.
Според анализата на Универзитетот во Линц, тоа чинело околу 10 милијарди евра нереализиран промет.
Најтешко погодени се продавниците за облека и за обувки, кои не можат да ги надоместат загубите. Трите ланци „Пимки“, „Дресмен“ и „Адлер“ веќе ги затворија своите продавници.
Други 2.000 се изложени на ризик од банкрот, предупредуваат професионалните организации.
Продавниците за спортска опрема, околу 750, кои се специфично поврзани со деловната активност на туристите, од ноември досега имаат недостиг на приход од 90 до 95 проценти.
Хотелиерството во Австрија губи 255 милиони евра промет неделно поради епидемиолошките мерки, па сега и на „здравите“ хотели им е потребна и државна помош.
Фитнес центрите, кои остануваат затворени и досега загубија најмалку 30 проценти од своите редовни клиенти, се сериозно погодени.
Националната банка на Австрија претпоставува дека и покрај државната помош, околу 30.000 компании ќе банкротираат до крајот на следната година.